Поврзете се со нас

Англија

Торес го избра својот омилен играч од актуелниот Ливерпул: Би било огромно задоволство да играм со него

Објавено

на

Foto:twitter.com/AtletiAcademia

Фернандо Торес се префрли во тренерските води по крајот на кариерата и во моментов е предводник на младинскиот тим на Атлетико Мадрид, клуб во кој претходно стекна светска слава и како играч.

Популарниот „Ел Нињо“ е симбол за Атлетико и кариерата ја заврши на „Метрополитано“, но во останатиот дел од кариерата, убедливо најдобро време мина во редовите на Ливерпул.

Торес блескаше во друштво на Стивен Џерард и тогаш важеше за еден од најдобрите светски напаѓачи, а како фудбалер кој навистина имаше мирис за голови, сега вели дека би било идеално ако имал соиграч како Трент Александер Арнолд.

Давајќи изјава за офиицјалната веб страна на Ливерпул, Торес направи споредба меѓу себе и Трент, за кој вели дека е фудбалерот со кој би сакал најмногу да игра.

– Мислам дека Трент е специјален играч за фановите на Ливерпул, па и за мене како поранешен фудбалер. Навистина е посебно кога младо момче од школата ќе се пробие до првиот тим и кога ќе стане клучен играч. Сигурен сум дека фановите на Ливерпул го обожаваат, тој е еден од оние кои играат на највисоко ниво. Неговата приказна е слична како мојата со Атлетико. Од трибините како млад фан, до теренот за својот омилен клуб.

– Јас се чувствував посебно со фановите, сигурен сум дека е така и со Трент. Мило ми е што успеав да добијам негов дрес и повремено го носам додека вежбам. Кога ќе помислам убаво, сметам дека би било многу добро ако играв со него во ист тим. Би било задоволство да се игра со Трент, би бил спремен во секое време да одговорам на неговите центаршутеви. Сметам дека би биле извонреден  тандем, – вели Торес.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни