Поврзете се со нас

Шпанија

Торес блесна со хет-трик, Барса прва до цел плен на „Бенито Вилјамарин“ (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBarcelona_cat

Фудбалерите на Барселона се изборија за важна победа на гостувањето во Севилја кај Бетис во претпоследниот натпревар од денешната програма во шпанската Примера.

Гостите од Каталонија славеа со 4-2 и со тоа станаа првиот тим кој сезонава го освои домот на Бетис, „тврдината Бенито Вилјамарин“. Барса во своите редови го имаше расположениот Торес кој едноставно „гризеше“ низ сите 90 минути и успеа да дојде до хет-трик.

Феран го отвори резултатот во 21 минута, а истиот играч во 48 зголеми на 2-0. Потоа избраниците на Чави имаа неколку „црни“, „празни“ минути во кои лесно дозволија противникот да им даде два гола од 56 до 59 минута, погодици кои беа дело на Иско.

Ова значеше дека се почнува од почеток, имаме нов меч во кој двете екипи имаа по некои полушанси за да завршницата биде во знакот на Барселона која преку резервистот Жоао Феликс дојде до ново водство од 3-2. Асистент беше Торес кој во 92 минута истрча контра која мајсторски ја заокружи за три бода на неговиот тим.

Клубот од „Камп Ноу“ сега има 44 бода и е на третата позиција, Во следното коло во пречекува Вилјареал, но претходно има пеколно гостување во Баскија кај Билбао во Копа Дел Реј.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни