Поврзете се со нас

Шпанија

Торе играч на натпреварот, Барселона рутински ја мина првата пречка во Купот на Шпанија (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/FCBarcelona

Екипата на Барселона ја оправда фаворитската улога и оствари рутинска победа над Барбастро (4-0) во средбата од 1/16 финалната рунда во Копа Дел Реј.

Избраниците на Ханси Флик имаа јасна поставена цел и со сигурна игра во двете полувремиња забележа славје за место во осминафиналето на ова натпреварување.

Резултатот беше отворен во 21 минута по центаршутот на Де Јонг при што Араухо испрати топка до Гарсија која ја спроведе во мрежата на домашниот состав. Десет минути подоцна Торе му асистираше на Левандовски за 2-0, а истиот овој двоец на стартот на вториот дел донесе и предност од 3-0.

Младиот Торе во 56 минута и сам се запиша во листата на стрелците по големата грешка на голманот Фабрега. Место во следната рунда обезбедија Бетис, Осасуна, но и второлигашот Алмерија која ја разби Севилја со 4-1.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни