Поврзете се со нас

Боречки спортови

Топурија испорача жестока комбинација во втората рунда и ја прекина доминацијата на Волкановски (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/ufc

Илија Топурија е нов УФЦ шампион во перо категорија, а до тој примат стигна со триумфот над Александар Волкановски на УФЦ 298 викендот.

Шпанецот кој има и грузиско и германско потекло го изненади досега сигурниот ривал уште во втората рунда, кога судијата ја прекина борбата по жестоката комбинација со двете раце, за која Волкановски немаше одбрана.

Топурија стана само петтиот ММА борец кој стигнал до титулата шампион во оваа категорија, а со оваа победа ја прекина доминацијата на борецот со македонско потекло, која траеше седум години.

Новиот шампион во перо категорија сега има скор 15-0 во својата ММА кариера, додека Волкановски забележа четврти пораз од триесет соочувања во октагонот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни