Поврзете се со нас

Боречки спортови

Топурија го среди Волкановски, па го предизвика МекГрегор: Те чекам во Шпанија

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/ufc

Илија Топурија го победи Александар Волкановски за шампионскиот УФЦ појас во перо категорија, а уште по оваа борба го повика следниот посакуван ривал на соочување во октагонот.

Шпанецот со грузиско и германско потекло испорача нокаут во втората рунда и ја прекина доминацијата на Волкановски во оваа категорија, а по оваа голема победа, експресно му испрати порака на Конор МекГрегор.

– Време е УФЦ да ја посети Шпанија.

– А ти, Конор МекГрегор, ако уште имаш м….а, те чекам во Шпанија, – рекол Топурија кој сега има скор 15-0 во ММА борбите.

Волкановски на прес-конференцијата по поразот истакнал дека Топурија заслужено победил, па посакал ново соочување, кое според него може да се одржи и во Шпанија.

Топурија испорача жестока комбинација во втората рунда и ја прекина доминацијата на Волкановски (Видео)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни