Топло добредојде за Португалецот: Мурињо доби „глава“ од Џејмс на „Олд Трафорд“ (Видео)

murinjo povreden

Жозе Мурињо со Тотенхем вечерва игра против својот поранешен клуб Манчестер Јунајтед, односно ова за него е прв натпревар на „Олд Трафорд“ по отказот кој минатата година го доби од „црвените ѓаволи“.

Токму во првиот дел португалскиот стратег мораше да се соочи со една необична ситуација или поточно заработи удар и настрада при дуелот на Џејмс и Винкс. Младиот Џејмс убаво го закачи Мурињо при неговиот пад крај аут линијата, ама за среќа се се заврши за сите инволвирани и можеа да го продолжат мечот.

Facebook Коментари