Поврзете се со нас

ВТА

Топчето се движеше по мрежата, Азаренка го освои најчудниот поен во кариерата (Видео)

Објавено

на

Викторија Азаренка се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Чешка, но дуелот кој го доби против Крејчикова ќе го памети по тоа што го освои убедливо најчудниот поен во кариерата.

Искусната Белорусинка мораше да направи пресврт и со 2:1 во сетови се пласираше меѓу најдобрите осум тенисерки на турнирот во Острава, а еден поен кој го освои во одлучувачкиот сет беше навистина неверојатен.

По една подолга размена, Азаренка се одлучи да одигра еден слајс бекхенд, по што топчето си поигра со нервите на двете тенисерки, пред да заврши во полето на Крејчикова.

Топчето буквално се движеше по мрежата неколку секунди, па и самата Азаренка призна дека ова е најчудниот поен кој го освоила во кариерата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни