Поврзете се со нас

Англија

Топ потег на „црвените ѓаволи“: Јунајтед договори враќање на легендата на „Олд Трафорд“

Објавено

на

foto:twitter.com/ManUtd

Манчестер Јунајтед имаше турбулетна сезона која на крајот сепак беше комплетирана со трофеј во ФА Купот и тоа со победа во финалето над Манчестер Сити.

Сепак тоа веќе останува во минатото и клубот се фокусира на активностите за ова лето, па така веќе беше продолжен договорот со менаџерот Ерик Тен Хаг кој набрзо треба да добие засилувања во стручниот штаб.

Имено еден од новите асистенти, помошници ќе биде Руд Ван Нистелрој, човекот кој мина пет убави играчки години на „Олд Трафорд“. Сега тој се враќа со поинаква улога, ќе помага да се подобрат резултатите на премиерлигашот. Руд според Фабрицио Романо веќе ги договорил сите детали за овој ангажман, а Јунајтед покрај него ќе го ангажира и Рене Хаке.

Инаку Ван Нистелрој ги освои сите титули со Јунајтед во Англија, а беше и најдобар стрелец и играч во ПЛ во сезоната 2002/2003.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни