Поврзете се со нас

Франција

Топ напаѓач им се нуди на каталонците: Сонувам да играм за Барселона (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/LOSC_EN

Барселона добро функционира во досегашниот тек на оваа натпреварувачка сезона во која игра со доста млади, неискусни играчи, но германскиот стратег успева да го извлече максумумот од нив, ама и од некои фудбалери за кои се сметаше дека се на излезна врата од клубот, најдобар пример за тоа е Рафиња кој игра во неверојатна форма.

Меѓутоа повеќе од јасно е дека на каталонците им се потребни засилувања на некои позиции за да бидат максимално конкурентни, да можат да ги нападнат сите титули. Финансиската состојба на клубот се подобрува и 2025 година би требало да биде година во која ќе бидат повлечени некои потези меѓу кои и соодветна замена за Роберт Левандовски кој дава голови, работи за екипата, ама веќе ја тера 37 година од животот и мора да има поддршка, да добие одмор во некои натпревари со тоа што за негп лидерот во Примера нема замена, класична деветка.

Каталонците се поврзуваат со некои имиња, меѓу нив и 24-годишниот Џонатан Дејвид на кого му завршува договорот по крајот на актуелнава кампања. Него го прават и други клубови со оглед на тоа што веќе неколку години настапува на завидно ниво за Лил, има 97 голови и 20 асистенции во Лига 1 што доволно говори за квалитетите што ги поседува.

Прашање е само каде Канаѓанецот каде ќе заврши, а ако се прашува тој би сакал тоа да биде Барселона.

-Барса секогаш бил тимот за кого сум навивал кога растев. Кога растеш подржувајќи еден клуб, сонуваш да играш за нив, -порачал Дејвид за „Атлетик“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни