Поврзете се со нас

Свет

Топ 10 клубови според заработка од дресови: Шпанците на врвот, Англичаните најбројни

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBarcelona_cat

Европската фудбалска федерација објави официјален финансиски извештај, а во него меѓу другите информации е издвоена и заработката од продажба на дресови и други брендирани производи од официјалните продавници.

Актуелниот европски шампион Манчестер Сити имаше одлична сезона, но се уште не успева да влезе во Топ 10 друштвото, за разлика од неколку премиерлигашки ривали кои се во многу подобра позиција.

Доминираат Шпанците, односно Барселона и Реал Мадрид кои се на првото и второто место, а во првата тројка е и Баерн Минхен.

ПСЖ и Јувенту се останатите клубови кои не доаѓаат од Англија, а претставници на Премиер лигата се Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Арсенал, Челси и Тотенхем.

Барселона е на врвот со 179 милиони евра заработени само од дресови и други производи, додека Јувентус и Тотенхем се на делба на деветтото место со 74 милиони евра.

До дваесеттото место следуваат Сити, Борусија Дортмунд, Милан, Ајакс, Галатасарај, Лидс, Селтик, Фенербахче, Ајнтрахт и Интер.

  1. Барселона 179м
  2. Реал Мадрид 155м
  3. Баерн Минхен 147м
  4. Ливерпул 132м
  5. Манчестер Ј. 130м
  6. ПСЖ 97м
  7. Арсенал 89м
  8. Челси 87м
  9. Јувентус 74м
  10. Тотенхем 74м
Реклама
Реклама
Реклама

Популарни