Поврзете се со нас

Италија

Тони за играчот за кој Јувентус издвои многу пари, а не е стартер: Сите разбравме дека Мота…

Објавено

на

foto: x.com/juventusfcen

Јувентус направи големи промени во играчкиот кадар во летниот преоден рок, доста имиња си заминаа, но и беа доведени да работат, придонесат за подобри резулѕати во новиот проект кој го води Тиаго Мота за кого ова е најголемиот предизвик во досегашната тренерска кариера.

Меѓу оние кои пристигнаа е и Даглас Луиз за кого „бјанконерите“ севкупно гледано издвоија голема сума на пари затоа што освен 28 милиони евра во Астон Вила испратија уште двајца играчи Енцо Беренечеа и Самуел Илинг-Џуниор.

Ама интересно Луиз не е во прв план кај Мота на стартот на сезоната и на сите три средби во Серија А влезе од клупата, поточно собра само 55 минути што за многумина е изненадување.

За легендарниот Лука Тони ова не е проблем затоа што играчот едноставно мора да најде начин да се наметне и му се докажа на Мота пред да добие вистинска шанса.

-Сите разбравме, дури и ние однадвор, дека Тијаго Мота не ги базира одлуките на името на дресот, туку на она што го гледа на тренинзите. Секој има корист ако играчот го разбира, главно затоа што квалитетот и интернационалната важност на Даглас Луиз не се доведени во прашање, -порачува Италијанецот кој воедно смета дека Душан Влаховиќ може да даде 30 гола во оваа сезона.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни