Поврзете се со нас

Англија

Тони си избра идеално лето: Брентфорд да заработи многу пари, а јас да завршам во Мадрид (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/BrentfordFC

Ајван Тони ќе биде еден од најатрактивните напаѓачи во летниот преоден рок, а во Брентфорд се подготвени за фактот дека англискиот репрезентативец ќе сака нов предизвик и веќе ангажираа негов наследник во Игор Тиаго од Клуб Бриж.

Во последното интервју за „Скај Спортс“, Тони на интересен начин открил како би изгледало идеалното лето за него.

Напаѓачот посака максимален број победи без примен гол за Брентфорд и дваесетина гола до крајот на сезоната, потоа да биде дел од англиската репрезентација која ќе настапува на Европското првенство во Германија, а на крајот си го избра Реал Мадрид како идеална дестинација.

– Најдобро би било Брентфорд да ме продаде и да заработи многу пари, јас ќе се преселам во Реал Мадрид и сите ќе бидат среќни, – искоментирал Тони со насмевка на лицето.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни