Поврзете се со нас

Свет

Тони не е како другите ѕвезди: Како пристигнува скромниот Крос на натпреварите за ЕП (Фото)

Објавено

на

Foto: DFB/Philipp Reinhard

Тони Крос се врати во репрезентацијата со цел да ја заврши кариерата во родната земја, односно со настап на Европското првенство како еден од лидерите на националниот тим.

Легендарниот играч на Реал Мадрид донесе позитивни вибрации во германскиот тим и домаќинот на турнирот сега го чека противникот во осминафиналето, а истиот ќе го дочека како првопласиран тим од групата А.

Германија вчера со крајни напори избегна прв пораз и го одбрани првото место во групата, а Тони Крос по крајот на мечот порача дека вистинските возбудувања почнуваат токму сега.

Искусниот играч за врска добива безброј пофалби во Германија поради сигурноста која ја донесе во средниот ред, но денеска стана хит и во Шпанија поради сликата која ја покажува и скромната страна на Тони.

Додека другите фудбалски ѕвезди пристигнуваат на стадионите со брендирани торби од Гучи, Луј Витон, Прада или Версаче, Крос своите најпотребни работи ги става во обична ќеса со грбот на Реал Мадрид.

Оваа слика брзо стана вирална на социјалните мрежи, а истата му донесе безброј позитивни коментари од фан базата на „кралскиот клуб“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни