Поврзете се со нас

Англија

Тони направи „измама“ при слободниот удар, судијата и противниците не го забележаа потегот на напаѓачот (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/BrentfordFC

Брентфорд го победи Нотингем Форест со 3:2 во возбудлив и драматичен меч во Премиер лигата, кој ќе остане во сеќавање и поради враќањето на Ајван Тони кој беше суспендиран поради обложување.

Напаѓачот на Брентфорд се врати после долгата пауза и доби чест да ја носи капитенската лента на Брентфорд, а уште на првиот меч режираше мајсторија и само ги потсети навивачите колку недостасуваше во изминатите осум месеции.

Тони биеше луцидно од слободен удар и ја испрати топката крај живиот ѕид, но пред да дојде до тоа, направи два потези кои брзо станаа вирални на социјалните мрежи.

Од тоа што можеше да се види на повторената снимка, Тони направи мала измама и двапати ја помести топката во десно, па си создаде подобар агол за да постигне гол во мрежата на „шумарите“.

Нуно Санто како менаџер на гостите посочи дека овој гол бил нерегуларен, односно се пожали зошто луѓето од ВАР собата не го пријавиле моментот кој не го забележаа ниту судиите, ниту играчите на Нотингем.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни