Поврзете се со нас

АТП

Тони Надал со порака за Ѓоковиќ: Мора да ги преиспита своите принципи

Објавено

на

Тони Надал е поранешен тренер и ментор на Рафаел Надал, но останува актуелен со своите колумни во кои ги опфаќа актуелните тениски теми.

Шпанецот не ја заборави ситуацијата со Новак Ѓоковиќ и јасно потенцира што мисли за случувањата во Австралија.

– Се изненадив од тоа како се разви целата ситуација, Ѓоковиќ можеше да ја заврши работата на поинаков начин.

– Реалноста е дека за да играте во Австралија, мора да бидете вакциниран или да добиете изземање. Јасно е дека организаторите посакуваа Ѓоковиќ да учествува, тој е голем играч, еден од најдобрите во историјата. Сепак, не мислам дека намерно одеа против него, туку едноставно не му го одобрија изземањето.

– АТП побара од тенисерите да се вакцинираат и тоа беше услов за учество на АО, преостанатите двајца тенисери кои не се вакцинирани решија да не учествуваат.

– Човек може да има свои уверувања, но во одреден момент треба и да се преиспита себеси. Претпоставувам дека ќе направи нешто, бидејќи ако му кажат дека нема да игра ниту на Ролан Гарос, веќе има голем проблем. Нема да има друг избор, туку да ги преиспита своите принципи, – вели Тони Надал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни