Поврзете се со нас

АТП

Тони Надал за поразот на Ѓоковиќ: Сега им е полесно на Рафа и Федерер, сигурно се чувствуваат…

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ не успеа да испише нова историја и да стана тенисер со најмногу освоени грен слем трофеи во машкиот тенис.

Првиот светски рекет имаше можност да дојде до календарски грем слем и со тоа воедно да ги мине Рафаел Надал и Рожер Федерер, но Србинот не ја мина последната пречка во Њујорк-тоа беше Данил Медведев кој одигра извонредно финале за 3-0 во сетови и прво славје на оваа сцена.

Секако се уште има анализи, коментари за тоа што се случуваше на „Ју-Ес Опен“, а последната дојде од Тони Надал кој беше искрен во колумната за „Ел Паис“.

-Верувам дека сега им е полесно на Рожер и Рафа (како и на Род Лејвер). Рафа и Рожер сега мора да се чувствуваат малку посилни за трката што следи. Ѓоковиќ ќе се соочи со болниот пораз, но ќе крене глава и ќе ја започне новата сезона. Федерер и Рафаел ќе го обноват својот борбен дух пред се да се борат за нивно закрепнување. И „тројката“ ќе продолжи да им дава причина на милиони нивни фанови да ги следат и поддржуваат уште некое време, -вели Тони.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни