Поврзете се со нас

АТП

Тони Надал уште пред 15 години го предвиде најголемиот проблем на Рафа: АТП потсети на зборовите за Ѓоковиќ

Објавено

на

Официјалната страна на АТП со една од своите последни вести потсети на историјата која ја носи големото ривалство меѓу Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ, односно приказната која всушност ја открива чичкото на шпанскиот тенисер, Тони Надал.

Тони долги години беше тренер на својот внук и заедно со него ги мина сите големи успеси до пред две години, а како човек кој се занимаваше со анализа на противниците на Рафа, чичко Надал имал навистина добра прогноза кога е во прашање актуелниот светски број еден.

Повозрасниот Надал во 2005-та година отишол да го гледа мечот на Хуан Монако кој тогаш редовно тренирал со Рафаел, а негов противник бил Новак Ѓоковиќ. Србинот со 3:0 го добил тој дуел, а Тони при враќање во соблекувалната во подготовките за дуелот од првото коло на Вимблдон, имал што да му каже на „кралот на земјата“.

– Рафаел, имаме проблем. Тукушто гледав едно дете кое е навистина многу добро, – му порачал тогаш Тони на Рафа, а 15 години подоцна, може да се заклучи дека Новак навистина се покажа како проблем за Надал.

Оттогаш, двајцата развија неверојатно ривалство и беа дел од неколку незаборавни финалиња, па додека Надал има две грен слем титули повеќе од Ѓоковиќ, Србинот има подобар меѓусебен дуел од 29:26.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни