Поврзете се со нас

АТП

Тони Надал со свој коментар за колапсот на Адрија тур: Ѓоковиќ како светски рекет број еден…..

Објавено

на

Рестартот на тениската сезона е закажан за средината на месец август, но она што требаше да претставува загревање за продолжување на возбудувањата, се претвори во голем хаос пропратен со неколку заболени играчи од коронавирусот.

Одржувањето на „Адрија тур“ се покажа како голема грешка во регионот и Новак Ѓоковиќ доби сериозни критики од светска јавност за организацијата на турнирите во Белград и Задар, откако стана јасно дека тој, Григор Димитров, Борна Чориќ и Виктор Троицки се позитивни на КОВИД 19.

Ваквите резултати пристигнаа откако играчите беа преопуштени за време на мечевите и на случувањата каде се забавуваа и ја анимираа публиката, па во низата критики, сега пристигна една изјава од Тони Надал кој нагласи дека Новак како светски рекет број еден, требал да не презема вакви ризици.

– Тоа што се случи на Адрија тур беше вистинска штета. Тоа беше добра иницијатива, да се размрда тенискиот свет и одеше навистина добро, но тоа што се случи на крајот со коронавирусот не беше добро ниту за тенисот, ниту за Ѓоковиќ и играчите.

– Станува збор за ситуација која носи многу реакции, особено ако сте светски рекет број еден како Ѓоковиќ. Ќе беше подобро за него и за сите ако беа малку попретпазливи. Сепак, рестрикциите во Србија не се како во другите земји и играчите се опуштија. Тоа беше грешка која секој може да ја направи, Ѓоковиќ се извини за својата грешка и тоа е тоа, – изјави Тони Надал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни