АТП
Тони Надал: Рафа не можеше да трча пред финалето со Федерер, не знам како победи
Рафаел Надал само еднаш во својата кариера го освои тенискиот грен слем во Мелбурн, но начинот на кој стигна до титулата во Австралија дефинитивно вечно ќе се памети.
Шпанскиот тенисер одигра два маратонски меча во полуфиналето и финалето, но излезе како победник во двете епски битки, најпрво со сонародникот Фернандо Вердаско, а потоа и со вечниот ривал Рожер Федерер. Рафа ги доби битките откако беше подобар во петтиот сет, но посебно импресивно беше тоа што го победи Федерер кој играше доминанто цел турнир.
За да биде уште поинтересно, 11 години подоцна, неговиот чичко Тони открива дека Рафа бил до толку исцрпен од полуфиналето, што пред завршниот меч не можел да потрча неколку метри.
– Се сеќавам дека дуелот со Вердаско беше многу тежок. Во последниот гејм, Рафа имаше 0:40, а потоа Вердаско освои два поени. Мојот внук за малку не се расплака во тој момент, беше многу напнато. Имавме среќа што Вердаско потоа направи двојна сервис грешка и мечот заврши. Да не се случеше тоа, не знам дали Рафа ќе победеше и ќе се пласираше во финалето.
– Исто така, пред финалето, Рафаел беше исцрпен кога се загреваше три часа пред да почне мечот. Чувствуваше болки во рацете, во рамената, имаше и главоболки од исцрпеност. Не изгледаше добро, пробував да го мотивирам, но тој ми врати дека не може да трча. Два часа му викав дека мора да се обиде и да одигра максимално. На крајот победи и стварно не знам како го направи тоа, – открива Тони за финалето кое заврши со резултат 7:5, 3:6, 7:6, 3:6, 6:2, а по кое Федерер се распрсна од емоции на „Род Лејвер арена“.
-
Свет21 час
Атрактивен гол на ветеранот: Мајсторијата на Меси го најави пресвртот на Интер Мајами (ВИДЕО)
-
Шпанија22 часа
Симеоне за неверојатниот пресврт на Барселона: Направив грешка со една измена
-
Англија16 часа
Ова никогаш не му се случило: Салах со негативен рекорд во поразот од Њукасл
-
Балкан9 часа
Панчев воспоставил конекции за остварување на голема цел: Хуманитарни натпревари меѓу Вардар-Звезда и Македонија-Србија
-
Италија22 часа
Мота: Оставка? Тоа е премногу лесно…
-
Англија17 часа
Руни бил блиску да игра за друга репрезентација: Тоа ќе беше одлично
-
Италија21 час
Гасперини: Судијата го уништи натпреварот со Интер
-
Англија19 часа
Постекоглу влезе во конфликт со навивач на Тотенхем, Тел мораше да ја смирува ситуацијата (ВИДЕО)