Поврзете се со нас

АТП

Тони Надал: Рафа може да го освои Ролан Гарос, тој е подобар од Ѓоковиќ на земја

Објавено

на

Враќањето на Рафаел Надал донесе низа позитивни вести за неутралните фанови и верните симпатизери на Шпанецот, но по два извонредни настапи, вчера го доживеа и првиот шок.

Надал доби двоен удар на мечот со Австралиецот Томпсон, од една страна поради тоа што загуби и не искористи три меч топки, а од друга поради фактот што го заврши мечот со физички проблеми.

Рафа се пожали на болки во пределот каде правеше операција, но верува дека не станува збор за посериозен проблем и дека се работи само за акумулиран замор после долгата пауза.

Првиот пораз отвори и сомнежи за неговата физичка подготовка и колку тој ќе може да одговори на ниво на грен-слем турнирите, но неговиот чичко Тони е убеден дека ако нема посериозен проблем, Надал ќе ја темпира формата за Ролан Гарос.

– Рано е да се зборува, но гледам сценарио во кое Надал го освојува Ролан Гарос. Сметам дека може да го направи тоа. Прво и основно, верувам во него бидејќи сум му чичко, а второ, има освоено 14 титули во Париз. За крај, минатата година трофејот го освои Ѓоковиќ.

– Тоа не беше најдобриот Ѓоковиќ во историјата и успеа д победи. Надал е подобар од Ноле на земја и ако дојде до прифатливо ниво, сметам дека ќе биде еден од фавовитите за титула на Ролан Гарос. Следниве месеци ќе бидат клучни, но јас знам дека Ролан Гарос му е мета број еден, – вели Тони Надал.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни