Поврзете се со нас

АТП

Тони Надал: Рафа има само еден вистински ривал на Ролан Гарос

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ претрпе два непријатни удари на првите два турнири на земјена подлога кои ги одигра оваа сезона, бидејќи најпрво во Монте Карло беше рано елиминиран од Еванс, а потоа на домашниот турнир во Белград во драматичен натпревар, беше шокиран од Карацев кој потоа загуби во финалето.

Светскиот рекет број еден не ја започна баш најдобро сезоната на подлогата на која Рафаел Надал доминира со години наназад, па поради тоа, медиумите и тениските експерти сметаат дека Рафа ќе биде уште поголем фаворит за титулата на Ролан Гарос.

Шпанецот исто така беше непријатно изненаден во Монте Карло и загуби од расположениот Рубљов, но потоа во Барселона ја освои титулата во спектакуларното финале со Циципас, кој според многумина може да се претвори во главен конкурент на Надал на Ролан Гарос.

Сепак, така не мисли Тони Надал кој од неодамна е тренер на Алиасим, чичкото на Рафа за кого несомнено е дека Србинот ќе го подигне нивото кога најмногу ќе биде потребно.

– Ѓоковиќ може ќе продолжи да има сомнежи на претстојните неколку турнири, но тој е од оние тенисери кои брзо можат да ја подигнат формата ако одиграат еден добар меч. Поради тоа, тој е главен и вистински ривал на Рафа на земјена подлога, особено на Ролан Гарос, – смета Тони Надал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни