Поврзете се со нас

АТП

Тони Надал: Рафа е меѓу фаворитите за пехарот на Вимблдон

Објавено

на

Се поблиску сме до официјалниот старт на третиот грен слем во 2022 година Вимблдон кој започнува на 27 јуни.

Титулата ја брани Новак Ѓоковиќ кој воедно беше најдобар на трите последни изданија во Лондон и за многумина е топ фаворит за пехарот. Сепак има неколку играчи кои ќе се обидат да му ги „замрсат сметките“, а меѓу нив е и Рафаел Надал.

Надал беше неизвесен за овој турнир поради проблемот со стапалото, но ќе игра на истиот и според неговиот чичко Тони ќе биде меѓу главните фаворити за триумф на истиот.

-Рафа е добро, третманот функционира. Тој е прилично среќен и сите сме убедени дека работите одат добро. Мислам дека ќе биде еден од фаворитите, иако главен фаворит е сепак Ѓоковиќ, но мора да се внимава на Беретини и Хуркач. Ако Рафа има среќа да ја мине првата недела, во втората ќе биде конкурентен, -смета Тони кој сега соработува со Феликс Оже Алијасим.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни