Поврзете се со нас

АТП

Тони Надал откри какви лудории правел Рафа во Њујорк и Мелбурн за да гледа натпревари на Реал

Објавено

на

Foto:twitter.com/MutuaMadridOpen

Рафаел Надал во вторникот стави крај на своето незаборавно тениско патешествие и му кажа збогум на професионалниот спорт, одлука која беше приморан да ја направи поради големите проблеми со повреди кои ги имаше во последните две години.

„Кралот на земјата“ се одјави во Малага на Дејвис Купот и шпанските медиуми се уште ги собираат впечатоците од емотивната ноќ, а еден од најактивните во јавноста е неговиот чичко и поранешен тренер, Тони Надал.

Низ текот на годините, Тони како експерт имаше прилика да анализира и да каже се што е поврзано со тенисот во врска со Рафа, но сега реши да открие и што може да прави неговиот внук во иднина, особено ако добие повик од Реал Мадрид.

– Можам да замислам како работи во Реал Мадрид. Ако му понудат некое директорско место, тој би бил пресреќен и превозбуден. За него можам да кажам дека е суперфан на Реал, тоа го велам поради фактот што сум го гледал одблизу. Живеев со него кога играше на Ју-Ес Опен и Аустралијан Опен. Играњето на важни турнири во Њујорк и Мелбурн не правеа да не го гледа Реал Мадрид.

– На така важни турнири, знаеше да стане во ниедно време и на полноќ бараше барови за да може да го гледа Реал. Многупати го прашував како може да се грижи за натпревар на Реал, кога пред него е важен натпревар во Њујорк. Во тоа време немаше стриминг платформи како сега, ги немаше истите конекции како сега. Моравме да излегуваме и да бараме каде го пренесуваат натпреварот по барови. Пред да има натпревар на Реал, ние од тимот веќе се распрашувавме во кој бар ќе биде пренесуван мечот, – открива Тони.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни