Поврзете се со нас

АТП

Тони Надал објасни зошто Рафа никогаш го нема освоено завршниот Мастерс турнир

Објавено

на

Тони Надал како тренер на Феликс Оже Алијасим беше дел од завршниот Мастерс кој се одржа во Торино минатата седмица, а кој заврши со успех за најдобриот српски тенисер.

Новак Ѓоковиќ по шести пат во својата кариера го освои турнирот на кој се натпреваруваат осумте најдобри тенисери и го израмни рекордот на Рожер Федерер, но од друга страна пак, Рафаел Надал пропушти уште една шанса да го освои завршниот Мастерс.

Шпанецот ниту еднаш во својата кариера не успеа да слави на финалниот турнир на кој играат најдобрите, а Тони Надал понуди своја теорија за таа негативна серија.

– Со оглед на проблемите кои ги има Надал вообичеаено на крајот од сезоната, за него е многу поразлично да игра на грен слем или на завршниот турнир. На грен слем е полесно за него дури и кога доаѓа неподготвен. Таму стекнува ритам со мечевите во првите рунди, а потоа е многу опасен во втората недела.

– На завршниот турнир не е исто. Таму веднаш имате многу силен противник, играте против најдобрите во светот и немате време за адаптација. Најдобар пример за ова е последната титула на Рафа во Австралија. Тој не играше добро на првите три меча, но со текот на мечевите напредуваше и на крајот стигна до титулата, – објаснува Тони.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни