Тони Надал извлече еден интересен заклучок од финалето на Вимблдон

toni-1

Српската јавност на големо го возвишува успехот на светскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ, откако најдобриот тенисер во овој момент во еден епски дуел успеа да го победи легендарниот Рожер Федерер.

Големото финале на Вимблдон понуди неверојатни поени и незапаметена драма на еден завршен меч во Лондон, а по сите натписи кои ги видовме од соседна Србија, сега пристигна и една интересна изјава од Шпанија, и тоа од чичкото на Рафаел Надал. Тони Надал направи анализа на големиот меч и призна дека му паднало тешко што Федерер загубил на така болен начин, но сепак напоменува дека победата на Ѓоковиќ е подобро сценарио за неговиот внук со оглед на тоа што Рожер ќе побегнеше на 21 грен слем титула.

– Мечот беше многу добар, беше вибрирачки, ова беше меч за кој сонуваат фановите. Имаше се што можеше да се замисли, меч топки за Федерер. Ова беше фантастичен меч, но имам податоци кои велат дека финалето меѓу Федерер и Надал во 2008-ма година е далеку поквалитетно. Пред мечот напишав текс и реков дека не знам за кого ќе бидам. Ако не ги земев во поглед освоените титули, ќе бев за Федерер. Кога Федерер губи, мене ми е тешко, навистина ми падна тешко што пропушти две меч топки. Сепак, за интересите на Рафа, подобро беше да победи Ѓоковиќ, сега тројцата се многу блиску по освоени грен слем титули, – изјави Тони за „Кадена Копе“ и додаде.

– При меч топките, Федерер избрза од што сакаше што побрзо да заврши мечот. Можеби некој од неговиот „бокс“ требаше да му каже да се смири и да не брза, – додава чичкото на Надал.

Facebook Коментари