Поврзете се со нас

АТП

Тони Надал: Изненаден сум од одлуката на Рафа, полуфиналето меѓу него и Ѓоковиќ не понуди врвен тенис!

Објавено

на

Тони Надал како директор на турнирот во Мајорка е домаќин на Новак Ѓоковиќ кој се подготвува на Балеарите пред настапот на Вимблдон каде ќе ја брка својата трета грен слем титула оваа сезона, турнир на кој изненадувачки нема да настапи неговиот внук Рафаел Надал.

Чичко Тони признава дека бил изненаден од одлуката на својот внук кој пред извесно време претрпе болен пораз во полуфиналето на Ролан Гарос, неуспех по кој сега неговиот грен-слем рекорд е сериозно загрозен и го става Ѓоковиќ во добра ситуација да се израмни со него и Федерер уште на претстојниот турнир во Лондон.

За разлика од големите љубители на тенисот и добар дел од светските медиуми, Тони како експерт смета дека нивото на тенис во полуфиналето на Ролан Гарос не било на завидно ниво, бидејќи според него Рафа направил премногу неизнудени грешки за да оствари победа.

– Вистина е дека сум изненаден од откажувањето на Рафа за Вимблдон. Јас повеќе не сум негов тренер, знам дека имаше мали проблеми, но искрено мислев дека ќе игра на Вимблдон. Нема што да се крие, боли поразот на Ролан Гарос, турнир кој го има освоено 13 пати, но имал и поболни порази во финалињата на грен слем турнирите. Ова не беше негов прв пораз во Франција и можеше да се очекува кога играте против светскиот рекет број еден.

– Искрено, не гледав дека Ѓоковиќ игра на највисоко ниво во Париз, со исклучок на последниот сет против Надал. Вистина е дека Новак освои важни поени, но Надал промашуваше многу повеќе од нормално. Направи 55 неизнудени грешки и тоа го стави Ѓоковиќ во подобра позиција. Ако се погледне финалето од минатата година и ова полуфинале, има огромна разлика. Искрено, јас не гледав претерано добар тенис во полуфиналето, а ни одблиску врвен. Читав дека нивото било на највисок можен степен, се користеа суперлативи во насловите, но за мене не беше така. Ми се јави мојот брат Мигуел Анхел по мечот и му го кажав ова што го кажувам сега, – вели Тони Надал во интервјуто за „Марка“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни