Поврзете се со нас

Италија

Тони му препорача два елитни напаѓачи на Ибрахимовиќ и побара од Милан да го „одврзе ќесето“

Објавено

на

Foto:instagram.com/luca_toni.9

Милан ќе претрпи големи промени ова лето поради најавената тренерска смена на „Сан Сиро“, но исто така една од главните задачи кои ќе ги има клубот ќе биде доведување на замена за Оливие Жиру.

„Росонерите“ останаа без искусниот ветеран кој реши својата кариера да ја продолжи во МЛС лигата, па така Златан Ибрахимовиќ и останатите директори во Милан ќе мора да се погрижат за адекватна замена.

Милан мора да размислува на елитен напаѓач ако сака да ги поправи резултатите од оваа сезоан, а легендарниот Лука Тони спомена два имиња кои според него можат да бидат и тоа како активни на претстојниот трансфер пазар.

– Милан треба да тргне по Хулијан Алварез. Аргентинецот е научен да победува и мислам дека нема зошто да го гледаме како седи на клупата за резерви. Јас би купувал играрчи кои се под договор во врвен клуб, но кои не добиваат доволно шанси. Видете колку добра испадна комбинацијата со Пулишиќ.

– Истото тоа ми доаѓа на памет кога ќе помислам и на Родриго од Реал. Веднаш би го купил ако реши да го напушти Реал Мадрид. Ако Мбапе на крајот пристигна во Реал, ќе има голема конкуренција и нема да може сите да играат. За Родриго ќе биде подобро да биде протагонист во Милан, отколку да седи на клупата за резерви, – вели Лука Тони во интервјуто за „Тутоспорт“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни