Поврзете се со нас

Шпанија

Тони Крос за тешката одлука на Зидан: Не ми беше сеедно, ќе беше лошо ако е така

Објавено

на

Тони Крос за првпат се соочи со една необична ситуација непосредно пред вонредната пауза која настана во фудбалот поради коронавирусот, откако беше оставен на клупата за резерви и не доби шанса на првиот осминафинален дуел со Манчестер Сити.

Натпреварот кој се одигра на „Сантијаго Бернабеу“ мина без минутажа на искусниот Германец, а иако Зидан јасно стави до знаење дека нема ништо лично и дека донел само техничка одлука во тој момент која беше и тоа како коментирана и доведена во прашање, сега Крос призна дека не му било сеедно и дека бил вознемирен додека седел на клупата.

– Тоа беше првиот голем натпревар во шест години во кој не бев во стартната постава. Секако дека не ми беше сеедно, ми пречеше тоа и така треба да биде.

– Ќе беше лошо ако не мислев така. Ми пречеше таа одлука, но морав да ја прифатам, – призна Германецот во видео разговорот со „Еуроспорт“ и даде свое мислење за рестартот на Бундеслигата.

– Германците имаа најдобри бројки во однос на заразени и починати лица од коронавирусот. Ако тие не ја довршат Бундеслигата, тогаш кој ќе ја доврши сезоната? Сите со големо внимание ќе следиме како ќе се одвиваат работите во Германија, – додаде Тони.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни