Поврзете се со нас

Шпанија

Тони Крос со ироничен коментар за Суперкупот по „Ел Класико“ победата во Ријад

Објавено

на

Шпанскиот Суперкуп од пред две години се игра во нов формат и во друга земја, па така веќе го нема класичниот еден натпревар во вид на финале, туку се играат три натпревари во вид на две полуфиналиња и едно финале.

Покрај стандардните освојувачи на Ла Лига и шпанскиот Куп, во натпреварувањето учествуваат и два поканети тима, а оваа година тоа се Атлетик Билбао и Реал Мадрид.

„Кралевите“ вчера се изборија за пласман во полуфиналето и покрај тоа што немаат никаква заслуга да се борат за трофејот, па токму поради тоа, Тони Крос излезе со ироничен коментар по победата над Барселона од 3:2.

– Немам ништо против тоа што се игра Суперкупот во Саудиска Арабија. Факт е дека Реал не заслужи со ништо да биде тука, не ја освоивме ниту Ла Лига, ниту Купот, но правилата се такви и ние сме тука.

– Истото се случи и пред две години кога се играше за првпат Суперкуп со четири тима. Не освоивме ништо претходно, но го освоивме турнирот. Што може да се каже, очигледно организаторот има интерес ние да бидеме дел од овој турнир, – порача Тони Крос.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни