Поврзете се со нас

Лига на нации

Тони Крос: Шпанија ни одржа лекција, но ова не е најгорчливиот пораз во мојата кариера

Објавено

на

Тони Крос како капитен на германската фудбалска репрезентација мора да сноси огромна одговорност за историскиот потоп кој го претрпе тимот во Севилја, гостување кое сигурно нема да го паметат по добро со оглед на тоа што примија дури шест гола.

Тоа што требаше да претставува дерби на вечерта во Лигата на нации, на крајот се претвори во едносмерен меч со нестварна доминација на „црвената фурија“, која до врв ја наполни мрежата на Нојер кој за првпат во својата кариера прими шест гола во 90 минути.

Крос беше комплетно надигран на средината како и сите свои соиграчи, а по крајот на мечот нагласи дека Германија има уште многу работа пред себе доколку сака да се прикаже во подобро светло на Европското првенство.

– Ова не е најгорчливиот пораз во мојата кариера, но сигурно еден од најголемите. Ова боли, во ниту еден момент не бевме блиску до нив. Шпанија ни покажа како се прават работите во фудбалот. Ни одржа лекција, со топка и без топка. Ни покажаа како се игра офанзивен фудбал, – изјави Крос.

– Едноставно ништо не функционираше. Не бевме добри во напад, а уште помалце во одбрана. Не беше до тактиката, комплетно бевме надиграни и ова е сигнал дека сме далеку од посакувано светло кое е неопходно за Европско првенство, – нагласи Крос.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни