Поврзете се со нас

Шпанија

Тони Крос: Јас речиси никогаш не сум повреден, навистина не знам што прават соиграчите…..

Објавено

на

Тони Крос беше играчот кој беше задолжен за исполнување на обврските кон новинарите од страна на Реал Мадрид, бидејќи Германецот се појави на прес-конференцијата со која се даде најава за натпреварот против Аталанта во Лигата на шампионите.

Германскиот играч за врска даде интересен одговор откако доби прашање за развојот и експлозијата на Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд, но говореше и за огромните проблеми со кои се соочува тренерот Зинедин Зидан.

Сепак, Тони Крос не можеше да даде конкретен одговор бидејќи смета дека тој не е добар човек за давање изјави поврзани за повредени фудбалери, бидејќи важи за еден од фудбалерите кои речиси никогаш не се повредуваат.

– Јас не сум најадекватната личност за да одговорам за проблемите со повредите во нашиот тим. Јас речиси никогаш не сум повреде, а што прават другите соиграчи навистина не можам да кажам.

– Не знам што прават дома, како се рехабилитираат после натпреварите, како се рекуперираат. Јас не сум во нивните тела и не можам да кажам зошто се повредуваат. Јас можам да ви кажам за себе, што правам и како се одржувам, но вистина е дека сме загрижени за повредите на многу играчи, – изјави Крос.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни