Тони со критика за Наполи: Така не се стекнува победнички менталитет

luka-toni1

Поранешниот италијански напаѓач Лука Тони, во својата последна изјава го критикува Наполи поради фактот што ги жртвуваше другите натпреварувања за да ја освои Серија А.

– Убаво е тоа што италијанското првентво остана единственото од најквалитетните во Европа каде шампионот е се уште непознат. Не ми се допаѓа начинот на кој Наполи ги отфрли другите натпреварувања за да го освои првенството, па иако се одличен тим, на тој начин нема да го стекнат посакуваниот победнички менталитет.

– Од друга страна Јувентус сака да стигне што подалеку во сите натпреварувања, затоа што секогаш сака да ги освои сите трофеи. Како и да е, трката за титулата ќе биде многу интересна, – истакнал Тони.

Facebook Коментари