Поврзете се со нас

Мото ГП

Тони Елијас: Роси никогаш нема да ми прости што го оставив без титула (Видео)

Објавено

на

Тони Елијас оствари само една победа на Мото ГП трките во целата своја кариера, но иронијата вели дека истата се покажа како клучна за исходот на шампионатото во 2006-та година кој беше еден од највозбудливите во историјата на „кралската класа“.

Дури седум возачи имаа прокнижено барем една победа во сезоната 2006-та, а еден од нив беше и Шпанецот Елијас кој во претпоследната трка во Португалија за влакно му ја одзема титулата на Валентино Роси. Во неверојатно драматичен и луд фото-финиш, Елијас беше побрз од Роси за две илјадитинки, а петте драгоецни бода кои му ги одзема на „Докторот“ на крајот се покажаа како одлучувачки во завршната трка во Валенсија.

Сите се сеќаваме дека Роси падна на трката во Валенсија и Ники Хејден стана шампион, такашто имаше пет бода повеќе од Роси, оние кои Елијас му ги одзема на претходната трка во Есторил. Иако поминаа дури 14 години од таа незаборавна трка, Елијас тврди дека Роси се уште му нема простено за тоа што му го направи.

– Она што беше најважно за нас возачите, беше тоа што се боревме со карактер каков што има Валентино Роси. Успеав да го победам само еднаш во животот. Мишелин ни донесе нови гуми пред трката во Португалија и значително го подобрив мојот ритам. Со таа гума, можев да се борам за победата и сите знаете како ја остварив и дека таа е единствена моја во Мото ГП класата. Со Валентино се гледав во Остин секоја година, но можам да кажам дека се уште таа трка му е врежана во главата, се уште ми нема простено. Тоа е навистина ужасно, тоа е многу од дамна, сега е момент да бидеме пријатели, но тоа не е можно. Тој има страшен натпреварувачки дух, што се уште го боли тоа сценарио, никогаш нема да ми прости за тоа што му го направив, – вели Тони Елијас во интервјуто за „ДАЗН“.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни