Поврзете се со нас

Англија

Тони е пред трансфер, менаџерот Франк ладнокрвно: Покажавме дека можеме и без него

Објавено

на

Foto:twitter.com/BrentfordFC

Англискиот напаѓач Ајван Тони долго време беше поврзуван со трансфер во некој од побогатите премиерлигашки клубови, а се чини дека на крајот ќе прифати понуда од друга земја.

Тони денеска не е во составот за дуелот на Брентфорд против Кристал Палас, а менаџерот Томас Франк потврдил дека во позадина се водат преговори за негова продажба, која ќе значи и голема финансиска инјекција за лондонскиот клуб.

Најугледните англиски новинари тврдат дека Тони веќе прифатил понуда од Саудиска Арабија и ако нема големи изненадувања, ќе го засили тимот на Ал Ахли.

Брентфорд е во преговори со азискиот претставник за деталите од договорот, а Тони веќе си договорил годишна плата од 20 милиони фунти, нешто што е недостижно за него во англиската елитна лига.

Истите извори пренесуваат дека одлуката да не се ризикува со Тони на денешниот дуел со Палас е на клубот, а не на фудбалерот, кој веројатно сакал да настапи на премиерата од новата сезона.

– Многу работи се случуваат со Тони, пред се трансфер активности и затоа решивме да не го вклучиме во составот. Тој е топ фудбалер, му даде многу на клубот последните четири години, но минатата сезона покажавме дека можеме и без него, – ладнокрвно објаснил менаџерот Франк, алудирајќи на долгата суспензија поради која напаѓачот пропушти многу натпревари за „пчелите“.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни