Поврзете се со нас

Европски првенства

Тони е неповторлив: Ридигер славеше обичен блок во 94. минута како да постигнал гол (Видео)

Објавено

на

Антонио Ридигер беше неизвесен за осминафиналето на Европското првенство, но германските лекари успеаја да го оспособат за настап и овозможи да се натпреварува на највисоко ниво.

Стоперот на Реал Мадрид е незаменлив во стартниот тим на Германија, а на мечот со Данска уште еднаш потврди дека е и неповторлив пример во модерниот фудбал.

Ридигер често се наоѓа во центарот на вниманието со своите неприродни движења и чудни реакции, но она што секогаш доаѓа до израз се емоциите кои ги искажува.

При резултат 2:0 на решен натпревар против Данска, Ридигер имаше еден обичен блок во 94-та минута, а веднаш по истиот, реши да слави како да постигнал гол.

Ова негова експресија е нешто што ретко се гледа од германски репрезентативец, па затоа видеата од споменатиот момент станаа вирални на социјалните мрежи.

Инаку, поради своето перфектно издание против Данска, стоперот на Германија беше избран за играч на мечот од УЕФА.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни