Светски првенства
Тони Адамс обелодени што му порачал на Бекам откако доби црвен картон против Аргентина: Ме гледаше зачудено
Дејвид Бекам освои се што може да се освои на клупски план како член на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, но ако треба да се бара некоја „црна дамка“ во кариерата на Бекси, тој ја дели истата судбина како многу големи имиња од неговата генерација во последните 20 години.
Бекам не оствари никаков позначаен успех како еден од лидерите на англиската фудаблска репрезентација и покрај тоа што Англичаните располагаа со страшна генерација на фудбалери, а еден од најтешките моменти за него беше кога доби црвен картон во осминафиналето против Аргентина во 1998-ма година на Светското првенство.
Играчот за врска го удри Симеоне и заработи исклучување по кое Англичаните загубија во пенал рулетот, а Тони Адамс кој тогаш последен пат заигра на еден мундијал, откри каква порака му испратил на помладиот колега.
– Тој беше навистина вознемирен, беше тажен и беше речиси пред плачење. Се тресеше како младо дете и му пријдов и се обидов да се пошегувам со него. Му реков дека има уште многу време за него, дека ќе игра на уште доста Светски првенства, но дека ја уништи мојата последна шанса, моето последно Светско првенство. Ме гледаше зачудено и се прашуваше дали навистина се шегувам. Го кажав тоа на шега, тоа беше навистина тажен момент за него и сигурен сум дека се уште го прогонува, – вели легендарниот капитен на Арсенал за „Скај Спортс“.
-
НБА23 часа
Тренерот на Лејкерс најави кога очекува деби на Дончиќ во новиот тим
-
НБА15 часа
„Кралот“ во елемент: Леброн даде три тројки за 48 секунди и ја запали публиката во Лос Анџелес (ВИДЕО)
-
Франција11 часа
Магичен дебитански гол на Кварацхелија, ПСЖ со лекција за Монако (ВИДЕО)
-
Балкан21 час
Далиќ одбил понуда со која ќе станел најплатен селектор во светот
-
Англија12 часа
Мегваер погоди во „последен час“, Јунајтед со пресврт до осминафиналето во ФА Купот (ВИДЕО)
-
Формула 122 часа
Откриени платите на Ф1 возачите: Две ѕвезди се далеку пред останатите ривали
-
НБА18 часа
Баркли, О’Нил и Смит ги избраа Ол-стар тимовите: Јокиќ, Јанис и Шеј во ист тим
-
Франција13 часа
„Светците“ со потег за кој ќе се зборува: Седум нови потписи во ПСЖ за еден еден (ВИДЕО)