Поврзете се со нас

Англија

Тонали за шпекулациите за разделба со Њукасл: Не го користам телефонот за такви работи

Објавено

на

Foto:twitter.com/NUFC

Сандро Тонали паузираше речиси цела година, но останува миленик на фановите на Њукасл, кои не сакаат ни да помислат да се реализираат шпекулациите за негов трансфер.

Италијанецот неодамна стигна до трофејот во Карабао купот со „црно-белите“, а одговорил директно на прашањето дали навистина размислува за разделба со премиерлигашот, имајќи ги предвид шпекулациите кои го поврзуваат со Јувентус и Барселона.

– Таквите шпекулации не ми влијаат, бидејќи не го користам телефонот.

– Го користам само за комуникација со семејството, а не за читање и социјални мрежи, – рекол Тонали, кој се надоврзал и на значењето на освоениот трофеј за клубот и фановите.

– Финалето беше неверојатно, беше неверојатно и да освоиме трофеј по 70 години, тој беше прв за речиси сите фанови кои присуствуваа на „Вембли“. Победата е важна за сите во Њукасл, град во кој се живее за фудбалот, а нам ни останува да се бориме за место во Лигата на шампионите, – рекол Тонали.

 

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни