Поврзете се со нас

Лига Европа

Тонали: Ова е нова Италија, преземаме иницијатива…

Објавено

на

foto: x.com/Azzurri_En

Италија се избори за гостински триумф над Белгија во Брисел (1-0) и на тој начин се стави во одлична позиција за освојување на првото место во групата 2, сегментот А во Лигата на нации.

Стрелец на единствениот погодок беше Сандро Тонали, погодок кој беше дебитански во А репрезентацијата.

-Прекрасно е, бидејќи да се постигне гол за Италија е добро, но пред се е прекрасно вака да се победи. Се боревме напорно, одигравме добро и уште еднаш докажавме дека ја преземаме иницијативата, не ја отстапуваме. Тоа покажува колку сме се промениле. Групата е навистина самоуверена и опуштена, навистина едвај го чекаме наредниот собир кога ќе заврши, затоа што уживаме на теренот и го имаме ова чувство на конзистентност, -рече Тонали кој говореше и поконретно за пресметката со Белгијците.

-Секој натпревар е различен, игравме против многу силен противник и се обидовме да ги најдеме нашите простори во играта. Се обидовме на одреден начин да започнеме, а потоа моравме целосно да се промениме како што одминуваше времето, но тоа сега е дел од играта. Знаеме што правиме добро и ова е нашиот пристап, -заврши членот на Њукасл.

Standings provided by Sofascore
Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни