Поврзете се со нас

Лига на нации

Тонали со својот прв гол ги израдува „азурите“, Англија сигурна на гостувањето во Атина (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/England

Италија рано поведе на гостувањето кај Белгија во Лигата на нации и го задржа тоа водство до крајот на натпреварот кој заврши со резултат 0:1.

Сандро Тонали најдобро се снајде и го претвори одличното додавање на Ди Лоренцо за погодок во 11. минута, а италијанската селекција таа предност ја задржа до крајот за зацврстување на првото место во својата група од А дивизијата на Лигата на нации.

За Тонали ова е прв гол во националниот тим и ја испрати Италија во четвртфиналето на Лигата на нации.

Франција е на второто место и покрај денешното реми без голови против Израел, на натпревар кој се играше во Париз а не донесе ниту еден гол.

Во Б дивизијата, Англија рано поведе преку Воткинс, а до крајот реализираа Белингам со официјално запишаниот автогол на голманот Влаходимос, како и Џоунс, со што „трите лава“ му се реваншираа на противникот кој ги шокираше на „Вембли“.

Норвешка беше сигурна на гостувањето кај Словенија (1:4), Халанд постигна еден, Нуса два, а Хауге го постигна последниот гол во убедливиот триумф во рамките на Б дивизијата.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни