Поврзете се со нас

Англија

Тонали: Бев „двојна личност“, но сега тоа се промени

Објавено

на

Foto:twitter.com/NUFC

Сандро Тонали одработи 10-месечна суспензија поради неконтролирано обложување на спортски натпревари и со тоа јасно ги прекрши строгите правија за професионалните фудбалери, а пред да се врати на теренот, мораше да мине и низ процес на рехабилитација кој вклучуваше активности за одвикнување од лошиот порок.

Италијанецот имаше огромна поддршка од многу страни во изминатиот период и тоа направи повторно да излезе на вистински пат, па сега самиот вели дека се чувствува многу посреќно и позадоволно кога ќе му завршат обврските на зелениот терен.

Споредувајќи ја сам својата ситуација од пред десет месеци, Тонали вели дека сега е многу посреќен на тренинзите, бидејќи сфатил колку е важно да биде близок и искрен со своите соиграчи.

– Пред да направам грешка, како да живеев два животи. Бев многу затворен за останатите и не зборував со луѓето. Тоа го правев и во тренинг центарот, не зборував со никого.

– Сега е комплетно поразлично од тоа. Секој ден ми е поразличен, особено со играчите и со стручниот штаб. Нормално е да зборуваш секој ден, а не да седиш затворен во себе. Кога доаѓам на тренинзите, јас сега сум истата личност од приватниот живот. Претходно, како да имав две личност. Бев една личност во приватниот живот, а друга во фудбалот. Сега сум само една личност и тоа многу ми помогна, – се исповеда Тонали за „Скај Спортс“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни