Поврзете се со нас

НБА

Томпсон одбил побогати понуди за да им стане соиграч на Дончиќ и Ирвинг во Далас

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/warriors

Клеј Томпсон ја заврши својата етапа во редовите на Голден Стејт и ќе се обиде да ја врати својата препознатлива форма во редовите на актуелниот вицешампион на НБА лигата.

Добро информираниот Адријан Војнаровски вечерва објави дека Томпсон одбил финансиски потешки понуди за да стане нов член на Далас Маверикс и да им стане соиграч на Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг.

Најавите се дека Томпсон ќе добие 50 милиони долари за тригодишен договор со Далас, екипа со која ќе се обиде да стигне до петта НБА титула во својата кариера.

Томпсон ќе биде дел од размена која вклучува повеќе клубови, а според која Џош Грин од Далас ќе заврши во редовите на Шарлот.

Голден Стејт го избра Томпсон во првата рунда на драфтот во 2011 година и оттогаш тој ниту еднаш не го промени тимот, со што Далас ќе биде само втора франшиза за која настапувал во НБА лигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни