Поврзете се со нас

Светски првенства

Томовски знае како треба да одиграме против Чиле: Мораме да се консолидираме…

Објавено

на

Македонија се прикажа во лошо издание во првите два меча на мундијалот во Египет каде загубивме убедливо од домаќинот како и од селекцијата на Шведска.

Една од ретките светли точки беше голманот Мартин Томовски кој доби шанса на двата дуели, многу повеќе против Египет и истите добро ги искористи, со одбрани, енергија која за жал не успеа да им ја пренесе на соиграчите.

Сега пред нас е решавачката битка со Чиле и според Томовски против јужноамериканците мораме да одиграме погресивно, поангажирано со жар во играта ако сакаме пласман во наредната фаза на турнирот.

-Сите сме заедно во ова и мораме заеднички да работиме за да најдеме излез од ситуацијата, почнувајќи од средбата против Чиле. Мораме да играме поагресивно, да бидеме поангажирани, ни недостасува жар во играта. Да, Египет е поквалитетна репрезентација, но ние им дозволивме да се однесуваат така да се однесуваат на теренот. Мораме да се консолидираме, да се подготвиме и го дадеме најдоброто од нас против Чиле, -истакна Томовски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни