Поврзете се со нас

Свет

Томовски со „седумка“ против лидерот во Бундеслигата

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Мартин Томовски и Лудвигсхафен не успеаа да направат изненадување и загубија на гостувањето кај Кил со 29-19 во Бундеслигата.

Домаќините уште во првиот дел ги решија дилемите околу победникот со оглед на тоа што се изборија за предност од 9 голови (16-7), па преостанатиот дел беше чиста рутина во која популарните „зебри“ само ги потврдија двата бода.

Винчек и Дамке со по 4 погодоци беа најдобри кај Кил, додека Бихрер даде пет за гостите. Нашиот Томовски забележа 7 интеревенции или поточно имаше 25.93 проценти на одбранети удари.

Лудвигсхафен со 5 бода е на 18 место на прволигашката табела.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни