Поврзете се со нас

Свет

Томовски со нова двоцифрена партија, Потсдам се израдува на триумф во Бундеслигата (ВИДЕО)

Објавено

на

Македонскиот голман, Мартин Томовски влегува во ритам во Бундеслигата каде забележа уште една добра партија по онаа против Магдебург каде имаше 18 одбрани и потоа беше сместен во тимот на колото.

Одличниот Томовски се најде во тимот на колото во Бундеслигата (ФОТО)

Овојпат некогашниот член на Вардар и Металург беше квалитетен против Штутгарт со 10 интервенции (два пенали), а она што му дава дополнителна тежина на учинокот е фактот и дека Потсдам славеше со 28:25, односно дојде до прво сезонско славје во најсилниот германски шампионат.

По израмнетото прво полувреме (11-11), домачините одиграа на повисоко ниво во вториот дел и со 17:14 конечно дојдоа до првенче во 20. натпревар во кампањата.

Нареден ривал на Мартин и другарите е составот на Битигхајм-Метерцимерн.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни