Поврзете се со нас

Свет

Томовски со квалитетно издание против Лајпциг (ВИДЕО)

Објавено

на

Македонскиот ракометен интернационалец, Мартин Томовски имаше квалитетно издание во дресот на Потсдам против Лајпциг во 16. коло во Бундеслигата.

Домаќинот не направи изненадување и претрпе пораз од 35:26 (17:13). Орлов и Томовски беа најсветли точки кај Потсдам, Максим со седум постигнати голови, а Мартин со девет одбранети удари.

Инаку Македонецот беше најдобар голман на теренот ако се земе процентот на одбранети удари, неговиот изнесуваше 30 проценти, колегата Ферјан имаше 17,6, додека кај победникот Саеверас имаше 29.7 проценти.

Потсдам во следното коло му гостува на Штутгарт.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни