Поврзете се со нас

Македонија

Томовски си заминува од Брера Струмица, Купанов потпиша нов договор

Објавено

на

foto:www.facebook.com/fkakademijapandev

Играчот за врска, Горан Томовски нема повеќе да биде дел од македонскиот прволигаш Брера Струмица.

Клубот ја информираше јавноста дека Томовски по шест години си заминува и притоа му посака среќа во идните чекори во кариерата.

-25 годишниот струмичанец Горан Томовски , кој остави белег во развојот на Академија Пандев сега Брера Струмица е слободен играч. Тој во нашиот клуб беше од 2018 година и речиси во сите натпреварувачки сезони, беше дел од првиот тим. Томовски со своето однесување на фудбалските терени но и надвор од нив беше вистински промотор на клубот и максимално се залагаше за подобри резултати.
-Во седумте првенствени сезони Горан Томовски за нашиот прв тим има реализирано 113 настапи а трипати се запиша и како стрелец. Во последната натпреварувачка сезона на своето конто запиша 13 првенствени настапи во кои повторно ги истакна своие играчки способности.

foto:www.facebook.com/fkakademijapandev

-Важи за скромна личност, но на терените лидер – фудбалер кој сака да се докажува и мотивар за тимската игра . Контуинирано даваше максимум на фудбалските терени и беш еден од носителите на Брера во текот на сите сезони. Томовски беше од првиот ден на основањето на клубот во кој стана синоним какоо се сака клуб. ГОРАНЕ ТИ БЛАГОДАРИМЕ ЗА СЕ И МНОГУ УСПЕХ ВО ТВОЈАТА КАРИЕРА, -порачаа од клубот од Струмица.
Кога се работи за Брера, нов договор со тимот потпиша голманот Филип Купанов.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни