Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Томовски посочи кои детали ќе го одлучат дуелот со Кил

Објавено

на

Составот на Вардар утре го очекува нов голем предизвик во Лигата на шампионите и тоа против германскиот ракометен великан Кил.

„Црвено-црните“ се домаќини на средбата која во вечерниот термин од 20:45 часот ќе се одигра во СЦ „Јане Сандански“, средба на која македонскиот првак сака да забележи позитивен резултат и со тоа да ги остави зад себе поразите од Монпелје и Алборг.

„Зебрите“ не се наоѓаат во најдобра форма, имаа проблеми и сето ова ќе значи шанса за Вардар со помош на публиката да дојде до нови бодови во елитната конкуренција.

Голманот Мартин Томовски добро го познава Кил со оглед на тоа што одредено време беше во Германија, па пред утрешниот меч ги издвои елементите, деталите кои можат да бидат клучни.

-Потребна ни е дисциплина, комуникација во клучните моменти. Овие ситни детали ќе мораме да ги поправиме и да останеме на едно високо ниво за да можеме да одговориме на предизвиците, -порача Томовски.

Фото: РК Вардар

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни