Европски првенства
Томовски: Имаше многу позитивни работи, ќе дадеме се за да ја победиме Црна Гора

За „Дерби“ од Унгарија,
Ристе Влахов
Македонија одмара на Европското првенство, односно денешниот ден ќе се искористи за добра анализа на средбата со Словенија и секако што подобра подготовка за тоа што утре од 18 часот не чека во Дебрецен, дуелот со Црна Гора.
Голманот Мартин Томовски беше еден од најдобрите наши поединци на вчерашната средба, партија на која според него сме покажале многу позитивни работи кои само можат да ни помогнат пред мечот со Црногорците
-Точно, загубивме, но во оваа наша игра имаше многу позитивни работи. Играта ни беше побрза, поубедлива, одбраната беше на едно високо ниво. Едноставно некои сегменти, невнимание, не чинеа пораз. Ќе се залагаме да ја победиме Црна Гора. Денеска е нов ден, ќе се погрижиме да ги корегираме сите грешки, недостатоци и едноставно да ја искористиме оваа ситуација, да дадеме се од себе, за да се радуваме на позитивен резултат против Црна Гора, -рече Томовски кој во однос на своето издание против Словенците кратко порача:
-Не сакам да се издвојам како заслужен за мојата добра партија. Одбраната беше тука да ми помогне и соработката со блоковите. Исто така и добрата анализа, бевме спремни за овој предизвик, -заврши членот на Вардар.
-
Светпред 18 часа
Данецот се повлече од терените: Хансен ја прекина кариерата поради стрес!
-
Шпанијапред 23 часа
Чуамени ги разочарал одговорните во Реал по враќањето од мундијалот
-
Францијапред 15 часа
Малиновски ја „искина“ мрежата на Донарума, ПСЖ е елиминиран од Купот на Франција (ВИДЕО)
-
Светпред 16 часа
Реал го потврди статусот на фаворит и ќе се бори за пехарот на Светското клупско првенство (ВИДЕО)
-
Лига на шампионипред 15 часа
Митревски блескаше и му ја донесе првата победа на Порто во ЛШ (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 19 часа
Братот на Меси жестоко ја нападна Барселона: Никој не ги знаеше пред Меси, тие се предавници
-
Англијапред 15 часа
Санчо даде гол по пет месеци, Јунајтед немаше сили за целосен пресврт (ВИДЕО)
-
НБАпред 19 часа
Го изненади целиот кошаркарски свет: Како реагираше Дејвис на историскиот кош на Леброн (ВИДЕО)