Поврзете се со нас

Свет

Томовски и Постдам надиграни од противникот на Вардар во Европската лига (ВИДЕО)

Објавено

на

Постдам на македонскиот репрезентативец Мартин Томовски не успеа да направи изненадување и доживеа пораз во второто коло во Бундеслигата и тоа на гостувањето кај Мелсунген.

Тимот кој го води Роберто Гарсија Парондо беше сигурен пред своите гледачи и славеше со 31:23. Фаворитот имаше силно прво полувреме во кое го реши прашањето околу победникот со оглед на тоа што на пауза имаше плус осум (18:10), па преостанатиот дел беше чиста рутина.

Томовски оваа средба ја заврши со пет одбрани.

Кај Мелсунген кој е ривал на Вардар во групната фаза на Европската лига, голманот Моравски забележа 11 интервенции.

Постдам во следното коло го дочекува Хамбург, па тука ќе ги бара првите бодови во шампионатот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни