Поврзете се со нас

Свет

Томовски и Миркуловски ги поделија бодовите во Германија

Објавено

на

blank

Без победник заврши македонската пресметка меѓу голманот Мартин Томовски и ветеранот Филип Миркуловски во Бундеслигата.

Дуелото меѓу Лудвигсхафен и Вецлар донесе две различни полувремиња, прво во кое домаќините доминираа (15-10) и второ во кое главниот збор го имаа гостите од „Ритал Арена“ (17-12). Ова за двете екипи беше трето сезонско реми во кое Томовски 7 интервенции и најдобра успешност на одбрани од сите голмани кои настапија (31.82%), додека пак популарниот Жути имаше само еден неуспешен обид за гол.

Лудвигсхафен со 9 бода е на 18 позиција, Вецлар е 9-ти со 21 поен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни